Се прекинаа работите за канализација во Зајас: Улиците се уништени, жителите револтирани, министерството молчи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Жителите на некои населби на Зајас и понатаму се револтирани од прекинот на работите на канализационата мрежа. Помина еден месец откако работите се стопирани и се е оставено на половина, улиците се целосно уништени, а некои места се дури и непроодни. Ваква состојба е и во селото Зајас Теќе, каде улиците во некои населби се во ваква состојба, каде што некои жители не можат ни да влезат во своите домови со своите автомобили.

-Додека работеа ни рекоа дека привремено ги пуштиле за да се заврши и да се вклучат куќите и да се санираат патиштата и да се стави метални капаци со рамнината на патот, а сега со повлекувањето на фирмата која ја остави работата, останавме во мизерија и тогаш не беа завршени, само 80% се санираа за да поминеме и сега откако почна да врне, сме во ваква ситуација, сега заборавивме на канализацијата како луксуз, се плашиме како ќе си го поминуваме животот од сега па натаму, изјави Муадин Бајрами, жител на село Зајас Теќе.

Стравуваат дека сега со доаѓањето на есента и зимата улиците целосно ќе станат непроодни од дождовите, а за канализациската мрежа велат дека не знаат што се случува.

-Рекоа дека тоа се странски сретства, а сега зошто прекинаа? Зошто не функционира тоа не е наш проблем, не ни знаевме кој го гради, знаевме само дека општината е таа што ги обезбедила средствата, ништо друго. Не ни знаеме кој не остави во ваква состојба, но во оваа состојба нема да останрме, ќе го изгубиме трпението и сета оваа среќа ќе се претвори во револт, изјави Муадин Бајрами, жител на село Зајас Теќе.

Средства за изградба на канализационата мрежа од Зајас до Другово – Кичево ги обезбеди Европската Унија. Работите почнаа, но беа стопирани пред еден месец. ТВ21 побара став од Канцелариите на ЕУ во Скопје, од каде рекоа дека се е во ред од нивна страна, додека во врска со прекинот на работите не упатија да се обратиме до Министерството за финансии како работодавач на компаниите за реализација на проектот.

Поминаа две недели откако побаравме одговор од Министерството за финансии зошто се стопирани работите, но оттаму не добивме одговор, додека единствено што ни е кажано во неформална комуникација е дека наскоро ќе одговорат. Неофицијално дознаваме дека фирмата „Акелик груп ДООЕЛ“ од Азербејџан, која го добила тендерот за извршување на работите, обезбедила банкарска гаранција од 2 милиони евра од азербејџанска банка која банкротирала, а тоа предизвикало компанија да ја прекине работата.

Рокот за завршување на проектот е до февруари 2025 година, овој краток рок и отежнува на изведувачот да обезбеди уште една банкарска гаранција, па затоа бараат Министерството за финансии како работодавач на проектот да го одложи завршувањето рок работи. Во овој случај, останува Министерството за финансии како работодавач и Министерството за екологија како корисник на овој проект да преземат конкретни чекори за решавање на оваа состојба.