Се продолжува забраната за движење низ шумите до крајот на септември

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поради зголемениот ризик од појава и ширење на шумски пожари, движењето низ шумите и шумските земјишта низ целата држава останува ограничено сè до 30 септември 2026 година, соопштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Оваа одлука е донесена со цел директна заштита на природните богатства и зачувување на шумскиот фонд во овој критичен период. Од надлежното министерство апелираат до сите граѓани на максимална одговорност и претпазливост, со цел да се избегнат инциденти и појава на нови пожари на отворен простор.