Се пролонгира предметот „Алфа“, реагираат роднините – Даути: Причините за одложувањето се шпекулациите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Одложувањето на предметот за случајот Алфа во Апелација го оневозможува повторното судење за осудениот Агим Ислами. Од Апелација не ни одговорија до каде се со постапката и дали го вратиле предметот во Кривичен суд. Роднината, истовремено и поранешен  обвинет, Рамиз Даути изјави дека денеска имало јавно рочиште во Апелација, но истото било откажано.

„Поминаа неколку месеци а одлуката не е донесена и мислам дека нема друга причина да се чека друго судење   кое е поврзано со н ас за да се донесе одлука  за нашиот случај, конкретно за случајот Алфа“, вели Рамиз Даути.

Да се донесе одлука за евентуално повторно судење за случајот Алфа, министерот за правда, Бојан Маричиќ во Клик Плус рече дека освен што предметот треба да се врати од Апелација во Основен суд, треба да се верификува новото вештачење кое го доставија роднините.

Според Даути нејасно е зошто треба  да се   верификува експертиза во Бирото кое нема капацитет за вршење такво вештачење. Додава дека секако истото ќе се достави за верификација така како што  побарале органите, со единствена цел, повторно судење за предметот.

„Направивме вештачење надвор од државата бидејќи нашето Биро за вештачење не ги исполнува условите. Сега вели дека тоа вештачење нашето биро треба да го верификува. Од кои причини , доколку немаме средства за обелоденување на тоа видео и ние   испративме во друга држава, која е причината Бирото  да го верификува вештачењето“, додава Рамиз Даути.

   Во  јуни оваа година, одбраната до Кривичен суд достави и вештачење извршено надвор од земјава, во кое се вели дека Агим   Ислами од Скопје е невин и е осуден врз основа на  незаконски и монтирани докази.  Случајот Алфа се случи на 26 ноември 2008 на паркингот на ПМФ во Скопје, каде животот го загуби еден полицаец Албанец од единицата Алфа, а беа повредени двајца негови колеги Македонци со кои бил на патрола. Во април  2010 за ова убиство     на доживотен затвор беа осудени  Реџаил Ќерими и Агим Ислами.