Дали ќе успее „АДА„ владиниот дигитален асистент, да ги замени вработените во државна администрација!? Ваквата асистенција основана на вештачка интелигенција работи 24/7, а според извештај на банката „Голдман Сакс„ вештачката интелигенција може да замени 300 милиони вработени во светот со полно работно место.
Прашавме во Влада дали поради АДА ќе бидат отпуштени од работа административци! Но и покрај тоа што Владата ја промовираше АДА за поголема ефикасност на услугите на администрацијата, сепак им беа потребни четири полни часа за да ни испратат одговор.
-Преклоупувањето на функциите на АДА и вработените службеници се однесува на информативниот дел во кој инвеститорите се запознаваат со можностите за инвестирање во Северна Македонија, и тоа во насока на стандардизирање на обезбедените информации и податоци, поширока достапност на истите кон корисниците, намалување на времето потребно една информација да стигне до крајниот корисник, како и првична филтрација на подобноста одреден субјект да стане корисник на финансиска поддршка од страна на државата-стои во соопштението од Влада.
Со оглед на тоа дека „АДА„ е најновиот администратор на Владата, денеска тестиравме како функционира. Ја прашавме кои се активните повици во Фондот за иновации и технолошки развој?
АДА одговори дека моментално во ФИТР има само еден активен повик и потоа ни кажа повеќе детали и ни го испрати линкот.
Со оглед на тоа дека повеќе граѓани имаат проблем со јазикот, доколку АДА ви одговори на македонски јазик, тогаш само треба да побарате од неа да зборува на јазикот на кој вие зборувате, албански или англиски или обратно.
„Едноставно кажано, со дигиталниот асистент е исто како да имате пристап до најдобриот вработен на шалтер, кој е достапен 24/7, го имате во контактите на вашата омилена апликација за разговори и кој може да ве услужи со се што ве интересира и се што е поврзано со институцијата во рамките на неговите знаења.“, рече Нико Карас од „Кодвел“.
Инаку вештачката интелигенција е способност на компјутерот или контролиран робот од компјутерот кои прави работи кои вообичаено ги прават луѓето бидејќи е потребна човековата интелигенција.
