Се работи на сите фронта за преговорите – Османи: Ќе продолжиме да работиме со Софија и европските партнери

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Иако политичката ситуација во Бугарија е доста комплексна, со оглед дека таму ќе има трет изборен циклус, земјава ќе продолжи да работи и со Софија и со европските партнери, со цел побрзо почнување преговори за членство во ЕУ – изјави македонскиот МНР, Бујар Османи. Според него, пораките кои вчера ги испрати грчкиот шеф на дипломатијата, Дендиас, и денеска министерката на Данска, Кофод, кој е во официјална посета во Скопје, се силни пораки кои не охрабруваат и ни даваат оптимизам дека земјата е на вистинскиот пат.

„Присуството на министерот овде, неговите силни зборови на поддршка, неговата констатација дека земјата заслужува почеток на преговори, дека треба да ги почне преговорите е навистина силна порака која што одекнува секаде низ ЕУ, а верувам дека и во Република Бугарија бидејќи не е прашање само на тоа дали Република Северна Македонија ќе ја одржи првата конференција оваа година, туку која е перспективата на регионот по однос на Унијата и кој е кредибилитетот на целиот овој процес“, вели Бујар Османи.