Се слушнале истрели во Анталија: Специјалните сили опколиле владина зграда!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Анталија, Турција, врз владината зграда во населбата Кепез биле испукани истрели.

Според првичните информации што ги објавија турските медиуми, едно лице влегло во Дирекцијата за национално образование на населбата, која се наоѓа во зградата на гувернерот, и отворило оган.

По пукањето, напаѓачот, според медиумските извештаи, се заклучил во една од собите во зградата, што предизвикало голема паника кај вработените и граѓаните кои во тој момент биле во зградата.

Владината зграда во Кепез веднаш била евакуирана, а полицијата го блокирала поширокиот простор околу зградата.

Видеата што кружат на социјалните мрежи покажуваат вооружени припадници на специјалните полициски единици како влегуваат во зградата, додека евакуираните вработени и граѓани стојат надвор и чекаат да се развие ситуацијата.

На местото на настанот се испратени и медицински екипи, кои се во состојба на готовност во случај да има повредени.

Сè уште не е познато дали има повредени, ниту кој е мотивот на напаѓачот. Полицијата сè уште спроведува операција во зградата, додека властите ги повикуваат граѓаните да ја избегнуваат областа додека трае интервенцијата.