Дополнителната заменичка министерка во министерството за внатрешни работи, Славјанка Петровска вечерва на својот „Фејсбук“ профил реагираше по повод денешното снимање на спот наменет за Денот на полицијата 7. мај. Таа ова повлекување на возила и полицајци го нарече неодговорно раководење.
„Во услови на вонредна состојба и полициски час, од терен да повлечеш 80тина полициски возила и најмалку 100тина полицајци за да снимаш спот е неодговорно и несовесно раководење!!! Зарем полициските службеници кои веќе 2 месеци деноноќно се на терен треба да бидат искористени како статисти за снимање спот? Ова ли е начин да се штитат правата на вработените? Вака не треба, ова е погрешно!“, напиша Петровска на својот профил на „Фејсбук“.
