Со оглед на петте новозаболени во Куманово, и 63 тестирања во болницата, Владата денеска донесе одлука да се забрани меѓуградскиот превоз меѓу овој град и останатите градови, како и јавниот превоз во овој град.
„Денеска на владината седница донесовме дополнителни одлуки кои се однесуваат на Куманово. Ќе се укине меѓуградскиот превоз меѓу Куманово и другите градови, се укинува градскиот јавен превоз во овој град, се затвораат сите продавници во трговските центри, оние мали трговски центар, не молови односно затворени трговски центри. Со овие мерки со дополнително укинување на врските, има сериозна шанса да се спречи патот на вирусот“, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
