Се урна авион за обука во САД – загинаа двајца пилоти

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американската армија потврди дека двајца воени пилоти загинале во петокот откако се урнал авион за обука во близина на аеродромот во Алабама, пренесува АП.

Агенцијата наведува дека воени службеници од воздушната база „Колумбос“ во американската сојузна држава Мисисипи потврдиле дека нивниот тренинг авион Т-38 се урнал за време на обука и дека двајцата пилоти во авионот загинале.

АП јавува дека авионот паднал околу 17:30 часот по локално време во близина на аеродромот Монтгомери во сојузната држава Алабама, а имињата на загинатите пилоти не се објавени додека не бидат известени нивните семејства.

Властите соопштија дека причината за падот на авионот е сè уште непозната и дека истрагата е во тек, пренесува агенцијата.