Се урна руски патнички авион со над 200 патници

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Руски патнички авион со повеќе од 200 патници се урнал на Синајскиот полуостров, потврдија египетските власти. „Ербасот А-321“ полетал од туристичкиот ресорт Шарм ел-Шеик кон рускиот град Санкт Петербург.
Египетските медиуми пренесуваат дека се пронајдени остатоците од авионот во тешко достпаен планински предел. На местото се упатиле голем број спасувачки екипи и амбулантни возила, кои се забавени од лошите временски услови. Дел од првичните извештаи велеа дека авионот исчезнал над Кипар. Формиран е кризен одбор кој треба да ги утврди причините за несреќата.
Според информациите, во леталото се наоѓале 217 патници и 7 членови на екипажот. Поголемиот број од нив се верува дека се руски туристи.
Авионот управуван од руската компанија „Когaлимавиа“ полетал во 03:51 часот средно време по Гринич, а изгубил контакт со контролата на летот и исчезнал од радар 23 минути по полетувањето.