Се урна воен хеликоптер во Куба – загинати 5 членови на екипажот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сите пет члена на екипажот загинаа кога кубански воен хеликоптер се урна во планинска област на истокот на земјата, објави владата.

Револуционерните вооружени сили на Куба објавија дека хеликоптерот го погодил ридот откако полетал од провинцијата Холгин кон провинцијата Гвантанамо, но не се дадени детали, пренесува Ројтерс.

Се испитува причината за несреќата.