Две лица се во тешка состојба откако се урна зграда на градилиште до бензинска пумпа во центарот на Сиднеј.
Итните служби биле известени за уривањето во квартот Ултимо денеска непосредно пред 11 часот по локално време, а по пристигнувањето затекнале ѕид и покрив кои се урнале врз блиските автомобили, пренесува Еј-Би-Си Њуз.
Маж во шеесеттите и маж во триесеттите години биле извлечени од под урнатините и пренесени во болница во тешка состојба. Уште пет лица биле прегледани од лекари, но нивната состојба не барала болничко лекување.
Вршителот на должноста началник на противпожарната служба Питер Мареј изјави дека станува збор за „значително уривање на покривот“.
– Дел од таа зграда се урна и дел од шутот падна врз автомобилите паркирани во кругот на бензинската пумпа – рече Мареј.
