Најмалку 13 лица загинаа денеска при уривање на зграда во градот Дар ес Салам во Танзанија, а повеќе од 80 луѓе се спасени, соопшти денеска претседателката на таа африканска земја Самиа Сулуху Хасан.
Четирикатница во источниот дел на Дар ес Салам се урна денеска околу 9:00 часот по локално време, а Хасан изјави дека повредените се пренесени во болница.
Од вечерва во болница останале 26 лица, објави Ројтерс.
Таа додаде дека Владата ќе ги покрие трошоците за лекување на повредените и ќе ги плати погребите на жртвите.