И децата со посебни потреби седеа 2 месеца дома. Но за среќа, кај нив не е забележан застој во развојот. Сето тоа е резултат на ангажираноста на родителите и фактот дека децата имаа можност да се движат и во полициски час.
-Секое дете кога доаѓа во центарот “Го сакам виножитото“ треба да ги дезинфицира рацете со средство за дезинфекција кога застанува на влезот од центарот. Потоа, тренерите или психолозите кои стојат тука, ни даваат маски и така децата се подготвени за едукација.
Ова се некои од мерките што ги презеде овој центар за тренинг на деца со посебни потреби, откако Владата им даде препораки на центрите за специјална едукација да функционираат по посебен протокол-јавува репортерката на ТВ21.
Децата ставаат маски во текот на тренингот, поради безбедност, објасни воспитувачката Едлира Дестани.
„Секој терапевт има своја соба и своја работна маса. Далечината на масата и големината се стандардни, што значи е оддалечена 1 метар, секако се носат маски заради безбедност и постојано има едно шише со средство за дезинфекција заради типот на работата“, рече Десатни.
Измени има и во начинот на организација на часот за едукација. Тие се индивидуални и ако почнуваат во 15 часот, следниот час почнува во 15:10. Ова се прави со цел родителите и децата да не чекаат во ходниците. Групните часови се укинати сосема.
„Групни часови никако, ги укинавме сосема. Не бидејќи е ризично, но сакаме да бидеме во согласност со нормите, правилата што соодветните институции ги дадоа за сите“, вели Дестани.
Овој центар своите активности ги заврши на 11 март, но активностите се одржуваа во координација со родителите.
„Не се користат истите платформи што ги користеа децата во редовните училишта и градинки, но најдовме алтернативна метода врз основа на возраста на детето и пречките со кои се соочува.“, посочи Дестани.
Отворањето на центрите за специјална едукација е прв чекор од Владата, а се зборува дека потоа ќе се отворат и градинките.
