Се врати студот во Македонија: На Попова Шапка утрово измерени -8 степени, има и речиси еден метар снег

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Попова Шапка утрово беше најстуденото место во Македонија. Во 8:30 часот утрово таму беа измерени -8 степени. После нив најстудени места беа Крушево и Маврово каде беа измерени -4 степени. Во Берово и Претор беа измерени -1 степен.

МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (ВО оС)

-8 Попова Шапка, -4 Kрушево, Mаврови Анови, -1 Берово, Претор, 0 Крива Паланка, Охрид, Битола, Прилеп, 2 Штип, Виница, 3 Тетово, Куманово, Струмица, 4 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Демир Капија, 5 Скопје-Петровец, Велес, 6 Гевгелија.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2)

13 Струмица, 11 Берово, 8 Претор, Гевгелија, 7 Демир Капија, 6 Битола, 5 Тетово, Пожаране, Kрушево, 4 Прилеп, 3 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Штип, Виница, Ѓуриште, 2 Скопје-Зајчев Рид, Велес, Охрид, 1 Кавадарци, Mаврови Анови.

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во см )

97 Попова Шапка, 3 Mаврови Анови, 2 Берово, 1 Ѓуриште.

Времето денеска вутринските часови во североисточните делови ќе има слаб локален снег. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h), особено долж Повардарието и во источните делови.

Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено претпладне. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.