Сплитската полиција известува дека имало пожар на бензинска пумпа на автопатот А1. Според првите информации има повредени лица.
Од полициската управа Сплитско-Далматинска, известија дека околу 17:45 часот е добиена дојава за пожар на бензинска пумпа, откако возило удрило во пумпата за гориво.
Пожарот е изгаснат, а имало и повредени лица. Од фотографиите се гледа дека материјалната штета е огромна.
