Се зголемува бројот на загинати во Тибет

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бројот на загинатите во Тибет во поплавите и поројните води што минатата недела го погодија граничниот премин меѓу Кина и Непал достигна 31, додека 531 лице сè уште се води како исчезнато, соопшти денеска кинеската државна новинска агенција Синхуа.

Според досега објавените податоци, поплавите и поројните води предизвикале големи материјални штети во подрачјето на граничниот премин. Спасувачките екипи се на терен и интензивно ја продолжуваат потрагата по исчезнатите лица.

Инаку, вкупниот бројот на жртви од катастрофалните поплави во Непал од минатата недела се искачи на 1.259, а 5.083 лица се водат како исчезнати, соопшти денеска непалскиот орган за управување со катастрофи.

Стотици странски туристи и аџии се меѓу исчезнатите во Непал, како и повеќе од 900 работници и вработени во хидроелектраните или браните во изградба.

Девет дена по катастрофата, спасувачите  денеска успеаја да извлечат двајца работници живи од тунел на градилиштето Тришула-3, каде што беа заробени.