Најголем дел од малите бизниси во Старата чаршија се жалат дека сметките за струја им се зголемени за 100%.
Џенгиз Саит е сопственик на бар со традиционална турска храна. Вели дека кризата со високите сметки почнал да ја чувствува пред 2 месеци. Саит пред два месеци плаќал 18.000 денари за еден месец, а сега плаќа 45.000 денари.
Штом почнавме да се опоравуваме од корона кризата, вели Саит, сега почна енергетската криза. Тој вели дека состојбата е катастрофална, додека поради зголемените сметки ја затворил кафеаната што ја имал во Дебар Маало пред еден месец.
Саит има 8 работници во кафеаната во Старата чаршија, но стравува дека ќе дојде ситуација да ги отпушти работниците и од оваа кафеана. Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека подготвуваат мерки кои ќе им помогнат на малите бизниси.
-Во моментов заедно со министерот Бесими ги осмислуваме сите мерки во однос на директната помош, која се однесува и на малите компании кои главно се на регулираниот пазар, но и на компаниите кои се на слободниот пазар или на либерализираниот пазар-рече Бектеши.
Покрај бизнисите, високи сметки за струја се очекуваат и за домаќинствата, особено сега кога времето се залади, а самите власти предупредија дека ќе имаме тешка зима, како последица на енергетската криза настаната со почетокот на војната во Украина.
