Седница на Судскиот совет, на дневен ред тримесечните извештаи за работата на судовите за периодот април–јуни 2026 година

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 557. седница, на чиј дневен ред се неколку точки.

Меѓу нив е разгледувањето и усвојувањето на тримесечните извештаи за работата на судовите за периодот април–јуни 2026 година.

На дневен ред е и усвојувањето на извештајот по спроведениот оглас за избор на претседатели на Основниот суд Гостивар, Основниот суд Дебар и Основниот суд Свети Николе.

Судскиот совет ќе го разгледува и извештајот на Комисијата за проверка на рокот за поднесување пријави и комплетноста на документацијата по огласот за избор на претседател на Апелациониот суд Скопје и Основниот суд Струга.

На дневен ред ќе биде и извештајот од работната посета на Основниот кривичен суд Скопје.

На денешната седница ќе се разгледуваат и изборот и разрешувањето на судии-поротници, како и расправата и одлучувањето во врска со извештаите за утврдената состојба.