Трамп го нарече Ким Џонг Ун пријател, очекува средба со него годинава

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, го нарече севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун „пријател“, откако беше прашан зошто на Иран не би му било дозволено да развие нуклеарно оружје, додека Северна Кореја веќе поседува такво оружје.

„Ах, затоа што имавте поинаков претседател. Ким Џонг Ун. Тој е мој пријател. Тој го сака Трамп, јас го сакам него. Сè додека сум јас овде, тој ќе биде добро. Знаете зошто? Ме почитува“, изјавил Трамп, одговарајќи на новинарското прашање за разликата во пристапот.

Трамп повеќепати го истакнувал својот личен однос со Ким и изјавил дека очекува повторно да се сретне со него оваа година, истовремено признавајќи дека Северна Кореја поседува нуклеарен арсенал.