Седници на пет собраниски комисии

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, за култура, за земјоделство, шумарство и водостопанство, образование, наука и спорт и Законодавно-правната комисија.

На седницата на Комисијата за финансирање и буџет ќе се расправа по Предлог на закон за дополнување на Законот за финансиска поддршка на граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници в прво читање, Годишниот извештај за извршените ревизии и за работењето на Државниот завод за ревизија за 2019 година, како и Предлог среднорочна програма за формирање, чување, обновување и користењена стоковните резерви за период 2021-2025 година.

На дневен ред на Комисијата за култура се Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за библиотеките, по скратена постапка во второ читање и Предлог-закон за изменување и дополнување на Законoт за заштита на културното наследство, по скратена постапка во второ читање.

На Комисијата за земјоделство, шумарство и водостпанство на дневен ред се Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија,
Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за консолидација на земјоделско земјиште,
Предлог на закон за изменување на Законот за вршење на земјоделска дејност, Предлог на закон за изменување на Законот за селекционерски права, Предлог на закон за изменување на Законот за пасиштата, Предлог на закон за изменување на Законот за сточарството, сите во прво читање.

На оваа седница на дневен ред е и Информација за состојбата на тутунот од реколта 2020-2021 заклучно до 21.12.2020 година поднесен од: Александар Николоски, Љупчо Димовски, Дајанчо Ефтимов, Златко Пенков, Мирче Аџиоски, Здравко Трајанов, Кирил Пецаков, Александар Велјановски, Игор Здравковски, Љупчо Пренџов, Бети Стаменкоска Трајкоска, Даниела Христова, Лидија Петкоска, Ангелинка Петкова, Бране Петрушевски, Миле Лефков, Иван Јорданов, Бојан Стојаноски, Рашела Мизрахи, Благица Ласовска, Петар Ристески, Никола Мицевски.

Комисијата за образование, наука и спорт треба да расправа по Предлог – закон за изменување на Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари во прво чиање и Предлог закон за дополнување на Закон за научно-истражувачката дејност,  во прво читање, поднесен од пратеници Жаклина Лазаревска, Арбер Адеми, Јован Митрески, Зеќир Рамчиловиќ, Марија Костадинова, Драгица Ѓавочанова, Даниела Колева, Бисера Костадиновска Стојчевска, Мирослав Јовановиќ.