Седум години болна и во кревет – 39-годишната Себајете не може да ја купи терапијата, апелира за помош

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Ова е 39-годишната Себајете Бислими од Тетово. Таа веќе 7 години боледува од мултиплекс склероза и е неподвижна. Омажена е и има две деца, но поради тешката здравствена состојба не може да се движи.

-Седум години страдам од тумор и дијагностицирана ми е мултиплекс склероза. Веќе седум години ја имам оваа болест, но годинава здравјето ми е уште повеќе нарушено, бидејќи не успеав да ја набавам терапијата. Имам две деца, имам и сопруг, но живееме под кирија. Кој може нека ми помогне за терапијата, бидејќи за јадење и пиење не ми е грижа. Да станам за овие деца. 39 години имам, од 33-тата сум во кревет-вели Бислими.

Била во Турција и Хрватска, но терапијата која ѝ ја препорачале тамошните лекари е многу скапа, а таа, како што вели, тие пари ги нема.

-Бев во Турција. Пред 7 години бев и ми рекоа дека не можам да прават операција бидејќи мозокот е мал. Ми ја дадоа оваа терапија за да го спречиме ширењето на туморот, и за мултиплекс ми дадоа терапија. Во Турција ми земаа 12 илјади евра со помош на луѓе. Ја земав терапијата во Турција, но не ми помогна. Отидов и во Хрватска, и таму земав друга терапија 3 илјади евра, ги имаме и сметките, но ниту таа не ми помогна. Сега ја најдоа оваа терапија, но јас немам ниту за купување, ниту за продавање. Државата не ми помага ништо. Скапи се и не можам да ги купам-рече Бислими.

-Колку чини оваа терапија?

-3.700 евра е оваа. Ми дадоа уште една можност во Болоња, Италија. Тие ми рекоа дека ќе ме излекуваат-вели Бислими.

-А таму, колку чини?

-12 илјади таму, ми рекоа дека е сигурно 60%. Јас имам правено операција од тумор и на стомакот, а сега ми излезе и тука на вратот… Ова се моите услови-изјави Бислими.

Себајете апелира за помош. Вели дека не бара пари на рака, туку некој кој може да ја плати терапијата во болница. Само една инјекција која треба да ја прими чини 150 евра.

-Барам од сите сестри и браќа, кој може во име на Бога, не мора мене, барем нека го плати лекот. Јас сакам да оздравам за моите деца кои секогаш ме гледаат в кревет, да им се насмевне лицето малку. И ним еднаш мајка им да им зготви јадење-кажа Бислими.

-Можеш да се движиш?

-Не, без помош од децата не. Во оваа рака не можам да кренам ништо, губам свест, ако застанам веднаш паѓам. Целото тело ми е помодрено од тоа што паѓам често. Не можам воопшто, губам свест-изјави Бислими.

Животот на Себајете може да се промени на подобро само со помош од хуманите луѓе:

Телефонски број: 075 345 049
Сметка: МК 07200002650978467
Себајете Бислими