Словенечкото министерство за здравство, соопшти дека кај седуммина мигранти пронајдени кај местото Илирска Бистрица, во близината на границата со Хрватска, утврдено било присуство на коронавирусот.
Засега не е познато од каде доаѓале мигрантите и низ кои земји минале за да стигнат до Словенија.
