Сеизмолошката опсерваторија со детали за земјотресот кај Маврово

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва, на 06.03.2021 година во 22 часот и 43 минути, регистрира земјотрес од епицентралното подрачје Гостивар-Тетово со епицентар 60km југозападно од Скопје.

Земјотресот беше со локална Рихтерова магнитуда ML2.9.

Според досегашните податоци земјотресот e почувствуван од населението во Дебар, Гостивар и Маврово со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.