„Секогаш сум била и ќе бидам Македонка“, вели министерката за енергетика

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерката за енергетика, Сања Божиновска, излезе со свој став по неодамнешните прашања за нејзиното бугарско државјанство.

Таа категорично изјави дека е родена во Скопје и секогаш била и ќе остане Македонка.

„Тоа никој ниту може, ниту смее да го оспори,” пишува Божиновска, додавајќи дека сите зајадливи коментари, чудни прашања и погрешно толкувани одговори ќе ги прифати како дел од цената на нејзиното политичко искуство“, вели Божиновска.