По објавувањето на овој прилог, претседателот на Централното собрание на Алијанса за Албанците, Зијадин Села испрати демант за она што го наведоа изворите на ТВ21 кои биле на средбата.
Демантот на Зијадин Села го проследуваме во целост:
„Во својство на претседател на Централното собрание ги демантирам невистините изнесени во прилогот на вашата телевизија во врска со мојата синоќешна средба со претседателите на ограноците.
Одговорив на прашањата на вашите новинари за тоа која беше целта на средбата и дотука сѐ е во ред, бидејќи сум цитиран добро за тоа што го кажав.
Најостро демантирам каква било изјава од анонимни извори дека наводно Алијанса за Албанците кога стана дел од Владата ветила дека ќе оди на избори заедно со ДУИ.
Тоа е лага и тенденциозно со цел да се наруши мојот углед. Ве информирам дека јас лично не сум ветил дека АА ќе учествува на изборите заедно со ДУИ.
Најостро го демантирам и заклучокот од вашиот прилог каде наведувате дека јас, Зијадин Села, сум бил се определил за Европскиот фронт со ДУИ.
Мојата определба е јасна и конзистентна, искажана на состанокот на Централното раководство, договорена неколкупати на средбите со претседателот на партијата, г. Арбен Таравари и искажан при секое јавно појавување во медиумите.
Ставот е дека Алијанса за Албанците оди на избори сама и обединета и со народот“, пишува во реакцијата на Зијадин Села, претседател на Централното собрание на АА.