Претседателот на Централното собрание на АА. Зијадин Села, синоќа одржал средба со претседателите на партиските ограноци. Тука не бил лидерот на партијата, Арбен Таравари кој не ни одговори зошто, иако побаравме одговор. Села за ТВ21 рече дека целта на средбата била да се дискутира за техничко-организационите аспекти.
„Се дискутираше за техничко-организационите аспекти, подготовки и информации во врска со одржувањето на централното собрание“, вели Зијадин Села.
Еден од претседателите на ограноците кој бил на средбата, а кој сакаше да остане анонимен, за ТВ21 рече дека се сомнева дали претседателот на партијата воопшто бил поканет.
„Колку што разбравме синоќа, и така излезе, излегува дека претседателот (Таравари) воопшто не бил поканет на нашата средба со Села“, порача извор на ТВ21.
ТВ21 од извори од состанокот дознава дека претседател на огранокот му спомнал на Села дека не е добро да се собираат во ваква форма без претседателот.
„Дури и јас имав дилеми, бидејќи никаде во статутот не пишува дека претседателот на собранието може да ги повика претседателите на ограноците, но не и претседателот на партијата!“, вели изворот.
Друг извор од оваа средба, кој исто така одби да биде именуван, за ТВ21 изјави дека отсуството на Таравари не е превид и не знаат што се случува!
„Дури и тој (Арбен Таравари) оди сам на состаноци во Приштина, Скопје и каде не, за кои не знаеме ниту ние, ниту вие (медиумите)“, додава изворот.
ТВ21 од извори во Алијансата за Албанците дознава дека Таравари и Села вечерва се среќаваат. Изворот вели дека Таравари мора да покаже каква понуда добил на средбата со Курти со ЕСП во Приштина, и од кого, а Села да ја испрати понудата до раководството на партијата, по што се очекува да биде свикано Централното собрание за финална одлука на партијата кое според наши извори не се очекува да се одржи оваа недела.
„Ние не сме фејсбук партија, за да дознаеме се од таму. Во коалицискиот договор со ДУИ овој мандат дефиниравме и предизборна коалиција и си стоиме на зборот. Го објавивме во Собрание, па да видиме која понуда ќе победи. Се собравме и му дадовме поддршка на претседателот на Собранието, Зијадин Села, зошто Таравари не беше таму, не го прашавме Села, но сфативме“, порача изворот.
Средбата Таравари-Села им претходи на последните случувања во партијата, поточно на вчерашната вечерна средба на Села со шефовите на партиските ограноци, на која преку оваа фотографија, како што објаснува изворот, е направен обид да се покаже дека овие ограноци на АА се на страна на Зијадин Села. Дали е ова обид на Села да го врати раководството на партијата? Села демантира! Вели дека не се откажал за да се врати како претседател.
„Не се повлеков за да го преземам раководството на партијата, но секако имам одговорност да ја задржам партијата на нејзината идеолошка линија“, вели Зијадин Села.
Инаку, централното претседателство на АА одлучи партијата сама да настапи на изборите. Но, од она што досега се дознава неофицијално е дека претседателот на партијата Арбен Таравари сака коалиција со албанскиот опозициски блок ЕСП, нешто што не го сака екс претседателот на партијата и на централното собрание на АА, Зијадин Села, за кој се дознава дека е на ставот дека на изборите треба да излезат со Европскиот фронт каде што е и ДУИ.