Села ја потсети ДУИ за премир Албанец-Адеми со реплика: Ти си најголемиот губитник на сите избори

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Да зборуваш за демократија во Македонија е многу тешко, изјави лидерот на АА, Зијадин Села, оспорувајќи ја легитимноста на новоформираната влада. Според него, Ковачевски нема легитимитет бидејќи не излегол сам на изборите да бара глас и дека не чувствува обврска кон нив. Села акцентот го стави н а ДУИ, за ветувањето за премиер Албанец.


Дојдоа кај граѓаните барајќи гласови со едно ветување а тоа ветување беше прв премиер Албанец и ова ветување не може да чека реализирање на четиригодишен мандат. Или се прави во моментот кога се одржува седницата за формирање влада, или не се прави воопшто. Се уште продолжуваат на чуден начин да држат дебати во собранието за последните 100 дена, да, не, последниот ден дека ќе се направи, или ќе се направи, прв премиер Албанец, изјави Села.


Веднаш реплицираше пратеникот на ДУИ, Арбр Адеми кој Села го нарече најголем губитник на изборите.

„Господин Села зборува за легитимност, губитникот на сите избори во низа, зборува за легитимност. Г. Села, не можете да го победите г. Али Ахмети. Било да е ДПА; или Движење за реформи ДПА, било да користи други партии како НДП, Унитети, Беса, Алтернатива, сега повторно се враќате кај Беса, не можете да го победите Али Ахмети. Имајќи го предвид расположението на граѓаните, уште во првиот круг направивте коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и што доживеавте, доживеавте фијаско. Класичен нокаут од граѓаните. Од 80 илјади гласови паднавте на 49 илјади. И со овие гласови г. Села не се бара влада, туку се бара одговорност“, рече Адеми.


Оваа дебата се одвиваше синоќа во Собранието пред гласањето на новата влада. Инаку легитимноста на новата влада ја оспори и ВМРО-ДПМНЕ, партија која бара предвремени парламентарни избори.