Села: На Албанците им се потребни промени, затоа не треба да гласаат за Али Ахмети

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Албанците не треба да гласаат за Али Ахмети бидејќи им се потребни промени, рече вечерва лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села во „Изборни дебати“ на ТВ21.

„Често пати не задолжиле за многу  работи, но тие работи кои биле во интерес на граѓаните ги поддржавме. Зошто сега треба нас да не поддржат, а не другата опција на г-динот Ахмети. Затоа што кажав на почетокот дека на Албанците им требаат промени. Статус квото е тоа што ја губи надежта. Јас не ценам дека ДУИ добро менаџирала со гласовите  што го добила од Албанците, но и да  менаџираше добро  18 години се многу .18 години е на власт ДУИ“, рече Зијадин Села на ТВ21.

Опозицијата ја врши својата работа, ние можеме да зборуваме, но ние не сме тие што можеме да ја покренеме процедурата, додава Села.

„Ние покренавме и процедури, но завршиле без епилог и се чекало да истече рокот на бомбите или на доказите кои беа дел од бомбите во СЈО и со тоа се загуби довербата во СЈО, кое се затвори. Но, воопшто не само во Македонија, јас зборувам и за политичките теории. Отчет се дава кога си во опозиција, тогаш се отвара досието за тоа  како си работел, и не е многу битен овој дел од другата порака што се испраќа за новиот функционер кој ќе биде на таа позиција и кој од моментот кога седнува ќе треба да знае дека еден ден ќе се тргне од таму“, рече Села во „Изборни дебати“ на ТВ21.