Села: Нухиу воведува полициска држава – „Ја штитиме јавната безбедност“, му врати Нухиу

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со тоа што полицијата е се уште присутна кај граѓаните кои протестираат за проблемот со водата за пиење во Синичане покажавме дека сме полициска држава со наредбите на Нухиу кој е од ДУИ, изјави претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села. Тој ја повика меѓународната заедница да се вклучи со помош за решавање на проблемот. Ова го прават бизнис лицата од ДУИ кои сакаат наместо вода за пиење на граѓаните да изградат хидроцентрали, тврди Села.

Полицијата  ги штити интересите на граѓаните, а не е за партиски интереси, одговори на обвинувањата министерот за внатрешни работи Агим Нухиу отфрлајќи ги сите обвинувања и критики. Тој му врати на Села дека од неговата партија се занимаваат со емотивни квалификации и предрасуди, кои, како што рече, се далеку од реалноста.

„Моето правно образование не ми дозволува да се мешам за партиски интереси. Полицијата нема партиски бои. Полицијата ќе биде на ниво на задачата за да го заштити животот на сите граѓани, за да го елиминира секаков обид кој ја загрозува јавната безбедност“, истакна Агим Нухиу.

Ваквите меѓусебни обвинувања дојдоа откако од вчера група граѓани се обидуваат да дојдат до местото каде се предвидува градба на водоснабдителен систем, но полициски службеници ги спречуваа во тоа.