Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, е гостин во првото издание во новата сезона од „Клик Плус“ на ТВ21.
Дискутираме на актуелни теми меѓу кои е и трагедијата во Тетово, и оставките кои ги понесоа министерот, заменикот, и директорите на тетовската болница.
Села смета дека трагедијата е доволна причина за оставка и на премиерот Заев.
„Целосно е неодговорно однесувањето на Заев и на целата Влада. Во Тетово починаа 14 лица. Целосно нефункцинирање на системот. Премиерот се крие. Се обидуваат да ја изманипулираат јавноста со некакви оставки, за кои се вели дека би се прифатиле после истрагата. Сметам дека оваа трагедија, и одговорноста на клучните луѓе, водат кон оставка на Заев“,
