Села: За соработката со ВМРО-ДПМНЕ најпрво требаше да направам компромис со себе

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Зијадин Села, лидерот на Алијанса за Албанците, е гостин во новата сезона на „Клик Плус“ на ТВ21. Села зборуваше за актуелни теми, а го прашавме и за локалните избори и за најавената соработка со ВМРО-ДПМНЕ.

Тој кажа дека може да им прости за се што направиле, но не заборава, и дека за таа соработка најпрво требало да направи компромис сам со себе.

„На ВМРО-ДПМНЕ можам да им простам за се што направија, но не заборавам. Но, тоа е друга тема. Нам ни бегаат младите луѓе од државата, и ние сме одговорни за тоа, како Алијанса за Албанците. Од друга страна коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ ни е наметната. Заев избира сам, тој ќе коалицира со ДУИ. Нас не ни останува ништо друго, политиката е бројка. За оваа соработка со ВМРО-ДПМНЕ јас најпрво требаше да направам компромиси со себе, па друго е полесно“, рече Села.