Селак: Претпоставувам дека се случилo технички проблем, имам информации дека и двајцата пилоти се катапултирале

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Познатиот воен пилот Иван Селак, во однос на урнатиот авион МиГ-21 на Хрватската армија, во изјава за хрватски Индекс истакна дека најверојатно се случил некој технички проблем

„Сигурно е дека сега ќе следи истрага. Дознав дека и двајцата пилоти се катапултирале. Претпоставувам дека имаше некој технички проблем. Но, сè е можно, на пример птица која влетала во моторот. Според она што го знам и двајцата пилоти се катапултирале“, ни изјави Селак.

Според него, што се однесува до авионите, не е важно дали тие се нови или стари.

„Нема стари или нови авиони, туку точни или неточни. Не постои начин некој да одобри лет на неисправен авион. Има и падови на авиони Ф-35, најнови модели“, додаде Селак.