Селими: Не верувам дека акциите ќе продолжат со ист интензитет и неселективно – „На граѓаните и бизнисот им треба мир, да ги вратиме граѓаните дома“, одговори Мицкоски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вечерва во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 гостуваат премиерот Христијан Мицкоски, како и аналитичарите Сефер Селими и Висар Адеми со кого дебатиравме за актуелните акции на ОЈО и МВР.

Аналитичарот Селими вели дека не верува оти акциите че продолжат со ист интензитет и неселективно.

„Јас само не би се впуштил да бидам толку ентузијазен дека оваа борба ќе продолжи со ист интензитет или неселективно, не поради тоа што Мицкоски е премиер туку поради историјата на оваа држава“, вели Селими.

На ова премиерот Мицкоски истакна дека на граѓаните и бизнисот им треба мир.

„Јас пораките ги разбирам како такви бидејќи се темелат на искуството во минатото, и сега јас немам магично стапче да го вратам времето, па да ги менувам работите. Исто така и да кажам дека нема така да биде, претпоставувам тоа ќе биде дочекано со резерва, со доза на резерва. Јас можам да кажам дека тоа нема да се случи и дека ние најавивме робусна акција против криминалот и криминалците без разлика дали се политички или улични“, вели Мицкоски.