Поранешниот шеф на парламентарната група на Движење Самоопределување, Реџеп Селими рече дека се чувствува невин за обвинителниот акт за воени злосторства и злосторства против човештвото, потврден од страна на Специјалниот суд во Хаг. Поради постапките, од Селими беше побарано да ја повтори неговата изјава за обвинението бидејќи рече дека „се чувствувам„ наместо се “произнесувам“.
Селими: „Почитувани, јас имав доволно време заедно со мојот адвокат да го разгледам обвинението, да го анализирам и да го разберам. Дозволете ми денеска да се изјаснам дека се чувствувам невин за сите точки од обвинението“.
„Ви благодарам Селими. Сакам да побарам објаснение бидејќи можеби е поради преводот. Рековте дека се чувствувате невин, но ние поради процедурални причини треба да имаме појасен збор, дека се прогласувате како невин“
Селими: „Јас често пати го изјавувам тоа што чувствувам, но ќе повторам уште еднаш за постапката. Јас се произнесувам за невин за сите точки од обвинението“.
Селими пред обвинителите изјавил дека се чувствува почестен што денеска е на страната на ОНА и сојузниците на оваа војска.
„Да, јас се борев против Србија, против окупаторите, против таа Србија која само лоши работи и донесе на нашата држава. Јас ја завршив мојата задача како граѓанин на мојата земја, јас сум само еден ослободител. Ја почнавме војната со Адем Јашари, а ја завршивме со генералот Кларк, значи со НАТО.“, рече Селими.
Зборуваше и за тоа зошто бил против основањето на Специјален суд.
Селими: „Овој Суд го основаше Собранието на Косово, јас како пратеник на тоа Собрание бев против основањето на овој суд, не против правдата, туку напротив, сакавме правда од Институциите на Република Косово.“
Адвокатот Роберт Карлс, кој го претставува Селими, рече дека следните денови ќе достават барање за привремено ослободување, со аргументи дека не постои опасност Селими да се даде во бегство.
На 4 ноември, Селими, кој во текот на косовската војна беше член на Генералниот штаб на ОНА, информираше дека обвинението е потврдено од Хаг, а потоа на 5-ти ноември беше префлен во центарот за притвор во Хаг.
Селими има заеднички обвинителен акт со екс претседателот на Косово, Хашим Тачи, екс-лидерот на косовската НДП, Кадри Весели и екс претседателот на Собранието на Косово, Јакуп Красниќи. Сите се во притвор во Хаг.
