Село Драчевица без јавен превоз, учениците одат пешки, а жителите до село Батинци

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Жителите од село Драчевица, општина Студеничани немаат автобус. ЈСП до ова население место никогаш нема пуштено линија. Тоа им прави проблеми на учениците кои мораат да одат на училиште, но и на работниците кои се принудени да патуваат со автомобили, особено во овој период кога горивата поскапеа.

Нашето село никогаш немало автобус.
Со што патувате?
Со кола.
Градоначалникот кој дојде не го интересира селото.
А со што патуваат децата?
Кој ќе помине со кола ги зема, ако не, одат пешки.

Неколку пати баравме но не ни пуштија автобус.
Со што патувате?
Ние патуваме со нашите автомобили, секој што има кола.
Децата пешки, тие што се во средно училиште, некој ги носи со кола, некои пешки.

„Во времето на Тито немало автобус, ниту во времето на Турција, никогаш немало. Не лажеа секогаш кога има гласање дека ќе пуштат автобус, но тоа никогаш не е направено“.

„Нема, освен 3 млади момчиња, одат во Драчево, не одат поради автобус, ако има минибус, повеќе деца можат да одат на училиште“

ТВ21 го праша градоначалникот на општина Студеничани, Азем Садику, зошто ова село нема јавен превоз? Тој нагласи дека проблемот е во Град Скопје и во Јавното претпријатие.

-За село Драчевица исто така неколку пати баравме во ЈП за јавен превоз, но не можеме да најдеме заеднички јазик и да се организираме. Иако ние како општина секој месец плаќаме субвенции за секој километар за автобуските линии за населените места од нашата општина-рече Садику.

Ги прашавме и ЈСП и Град Скопје, но до ова издание на вестите не добивме одговор.

Инаку, ова село се наоѓа на 20 километри од центарот на Скопје. За да дојдат во градот, жителите се принудени да одат пешки до селото Батинци за да фатат автобус на ЈСП.