Село Србјани заборавено: Без вода, канализација и асфалтирани улици на само 5 километри од Кичево

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Канализацијата истекува во овој канал спроти куќите. Улиците полни со дупки. Ѓубре насекаде. На пролет и преку лето нема доволно вода. Ваква е состојбата во село Србјани во Кичево кое се наоѓа на само 5км од градот.

-Се наоѓаме во селото Србјани во општина Кичево, овде има неисчистени канали, канализацијата се излева во каналот кој минува низ селото, улиците се неасфалтирани. Во разговор со жителите велат дека оваа улица не е асфалтирана над 30 години, но не сакаа да зборуваат пред камерата на ТВ21-вели репортерката на ТВ21, Салије Садику.

Пред некое време, кога општината одржа средба со граѓаните, месната заедница на селото изнесе низа поплаки, како недостигот од вода за пиење, нечистотијата, канализацијата која не е исчистена, а зборуваа и за спортскиот терен кој е претворен во депонија за отпад.

При посетата на ТВ21 во селото, од месната заедница не прифатија да зборуваат пред камера, со образложение дека се договориле со општината наскоро да се реализираат нивните барања без да се крева прашина по медиумите. Меѓутоа тие зад камерата рекоа дека се разочарани и дека лошите услови за живот и невработеноста се причина младите да си заминуваат во западните држави.