Семејно насилство, 22 случаи за 1 месец во Полог! Понекогаш и мажите се жртви на семејно насилство

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Само во месец декември во Полошкиот регион во СВР Тетово се пријавени 22 случаи на семејно насилство. Но насилството во семејствата не се случува само врз жените. Има случаи кога и мажите се жртви на семејно насилство а и децата од страна на родителите.

„Во текот на декември во СВР Тетово се регистрирани 22 случаи на семејно насилство, од кои 20 се со телесни повреди и 2 со ризик по безбедност, од кои 14 се во тетовскиот регион, 8 во гостиварскиот. Главно станува збор за насилство врз жените, но има и случаи каде имаме насилство од жените врз мажите.“, рели портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

Карантинот предизвика да се зголеми семејното насилство вели Џане Крајшова од Форумот на жени. Според неа, поради изолацијата и владините мерки мажите се поприсутни во домовите и со тоа е зголемен конфликтот во семејствата и во повеќето случаи тоа преминува на физичко насилство.

„Со оглед на тоа дека цело време сме изолирани и не контактираме со општеството и не сме на работни места, мажите се тие кои ги користат домовите како канцеларии и комуницираат со работните места, а жените се ангажирано со домашните задачи, растење на децата, грижа за постарите, затоа тие настрадуваат први од насилството.“, рече Крајшова.

Од форумот на жени велат дека и жените се во депресивен период и поради тоа има и случаи кога жените вршат насилство врз мажите.

„Има и мажи кои се жалат на насилство врз нив и тоа најчесто е психолошко насилство бидејќи жените се повеќе под стрес и имаат потреба да го искажуваат тој психички притисок и реагираат на одреден начин.“, изјави Крајшова.

Од Форумот на жени велат дека последното време бројот на пријави на семејно насилство е зголемен споредено од 2019 и 2020 година. Бројот на жени кои пријавуваат семејно насилство е зголемен за 35%.