Сепак не е неговата мајка: Еве која е жената која Меси ја прегрна во финалето…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Откако ја совладаа Франција на пенали и ја освоија светската титула по 36 години, Лионел Меси и друштвото останаа долго да ја прослават победата на тревникот на стадионот Лусаил во Катар.

Во еден момент една жена натрча во прегратките на Меси, сите мислеа дека тоа е неговата мајка, но се покажа дека не е.

Аргентинските медиуми открија дека не се работи за мајката на Меси, туку за 42-годишната Антонија Фариас, готвачка во аргентинската репрезентација. Фариас таму работи со години и очигледно има многу добар однос со репрезентативците.

Таа лани беше и на победата на Копа Америка, кога славеше и со Меси, кој го овековечија.