СОЛЗИ И ГОРДОСТ: Погледнете ја средбата меѓу Меси и неговата мајка по натпреварот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Откако вечерва во Катар испиша историја, никој не беше посреќен од Лео Меси, кој долго време славеше со соиграчите на теренот. Сите му пријдоа и го гушнаа, а потоа следеше најемотивната средба на денот.

На Меси од зад грб му пријде мајка му Селија Марија Кучитини, која силно го прегрна својот син. И двајцата почнаа да плачат.

Меси освои се што беше можно. На клупски план има 36 трофеи, а со репрезентацијата го освои олимпиското злато во 2008 година и минатогодишната Копа Америка. На 1002 натпревари постигна 791 гол и додаде 350 асистенции, а во националниот тим забележа 172 настапи и постигна 98 гола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: