Серија на слаби земјотреси ноќеска во Грција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Серија на слаби земјотреси се случија во изминатото деноноќие на територијата на Грција. Главно епицентарот бил во средишниот дел, во близина на Лариса, иако имаше и во Средоземното и Егејското море.

Најсилниот регистриран бил со интернзитет од 3,4 степени според Рихтер со епицентар во Егејското море, во близина на градот Загора, источно од Волос.

Во 4:19 бил регистриран еден од 3,2 степени во близина на Лариса, е нешто пред полноќ имало еден во близина на островот Крит.

Биле регистрирани и неколку земјотреси со интерензитет помали од 2,5 степени според Рихтер.