Државната туристичка компанија на Северна Кореја, Korea International Travel Company, лансираше промотивно видео за привлекување туристи, особено оние од Русија.
Korea International Travel Company објави промотивно видео спот со кој сака да го освои рускиот пазар. Тоа е последниот обид за Северна Кореја да привлече повеќе туристи, а главни „актери“ во филмот се млади Руси.
Рекламниот филм прикажува плажи и млади луѓе кои уживаат на морскиот брег. Иако се работи за нискобуџетен комерцијален филм, Северна Кореја, инаку изолирана од остатокот од светот, јасно покажува дека се отвора за посета на странски туристи.
Видеото е снимено на плажата Мајеон во јужниот дел на провинцијата Хамгјонг на истокот од земјата, или така тврдат тие, и прикажува млади Руси како играат одбојка и уживаат покрај морето. Она што е најинтересно е фактот дека во филмот се појавуваат жени во бикини, и покрај тоа што оваа земја е позната како тоталитарна, каде што е забрането носење оскудни костими за капење.
Северна Кореја, или Демократска Народна Република Кореја, е специфична земја која се издвојува по својата екстремна изолација и централизирана влада. Иако има природни ресурси и обучена работна сила, земјата се соочува со економска стагнација и сериозни проблеми со човековите права.
Иако режимот успева да ги контролира граѓаните преку пропаганда и цензура, долгорочно отсуството на економски реформи и основни слободи може да доведе до пад на довербата во владата.
За да преживее, Северна Кореја мора да одлучи дали да ја реформира својата економија и да обезбеди подобри услови за своите граѓани или да продолжи со затворената политика која веќе ја загрозува нејзината стабилност.
Можеби оваа кампања ја покажува подготвеноста на земјата да се реформира и да се отвори кон светот.