Северна Македонија, Србија и Албанија потпишаа Меморандум за соработка во услови на Ковид-19

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Зоран Заев заедно со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерите на Албанија и Србија, Еди Рама и Ана Брнабиќ во присуство на министрите за здравство одржаа координативен состанок, по што потпишаа Меморандум за соработка за регулирање на односите меѓу државите во услови на Ковид-19 криза.

„Горд сум што го потпишавме меморандумот за разбирање во битката за коронавирусот, затоа што заеднички ќе превземаме мерки за сузбивање на оваа пандемија. Важно е нашите експертски тимови да разменуваат информации. Не само за овој вирус, туку и за други вируси. Можеме на најконкретен начин да им помогнме на нашите луѓе, да им покажме колку се грижиме за нивното здравје. Овој меморандум ќе значи српските болници без проблем да ги прими албанските и македонските граѓани, и обратно“, рече Вучиќ.

„Овој меморандум ќе биде искористен за размена на информации меѓу трите земји. Цврсто сум убеден дека оваа соработка ќе се развива, ќе ни помогне сите подобро да се запознеме меѓусебе, ќе биде важно за нашите економии, меѓусебните општествени предизвици. Не постои подобар пат кон иднината со меѓусебна комуникација и соработка“, рече Еди Рама.

Со овој документ трите земји ќе разменуваат искуства и ќе соработуваат во борбата против коронавирусот, како и ќе се овозможи државјани на третите земји да бидат примани во локални болници. Се истакнува и дека е важно исто така да продолжи и економската размена и трговија и соработка меѓу трите држави.Албанија и Србија исто така го потпишаа и билатералниот договор за слободно движење на нивните граѓани само со лични карти.

„Со овој меморандум кој го потпишавме, го поставивме патот на уште подобра соработка со нашите пријатели. Сакаме на нашите граѓани да им обезбедиме подобар живот. Започнуваме веднаш за наоѓање вакцина за нашите граѓани. Меѓусебно ќе си помагаме ако се случи оптоварување на нашите здравствени системи. Граѓаните ќе се движат меѓу трите земји без потреба од ПЦР тестови, односно ќе се ослободат од финансиски товар, притоа почитувајќи ги сите мерки на заштита.“, рече Заев.