Шабани: Вратите на општината не се затворени – Сејдиу: ВЛЕН ќе има нови кандидати во Гостивар и Врапчиште

НАЈНОВИ ВЕСТИ


Во синоќешната емисија Дебата 21, поранешниот градоначалник на Врапчиште, Исен Шабани, појасни дека општината всушност не е затворена и дека неговата изјава „клучевите ги има премиерот“ била симболична. Тој рече дека администрацијата во општината редовно си ја вршела својата работа.

„Вратите на општината не се затворени, тоа беше само симболично. Или бевме извадени од контекст со тоа што го реков за клучот. Не може некој што претендира да дојде, довереник на Владата, да се обрати кај мене и да бара клучеви од општината. Клучот симболизираше она што треба да го преземе Владата, бидејќи самиот премиер најави дека ја чека ДИК за неисполнувањето на цензусот и работата на Врапчиште, по што во рок од 15 дена ќе назначи в.д. градоначалник. Целата администрација работеше, беа на работа, не бев само јас.“, рече Исен Шабани.

Од друга страна, Блерим Сејдиу соопшти дека во општините Гостивар и Врапчиште движењето ВЛЕН ќе настапи со нови кандидати. Тој додаде дека многу скоро ќе има одлука и дека застојот ќе биде решен.

„Во овој случај нема да има втор круг и ќе имаме нови избори со нов кандидат. Едно од имињата е веќе дискутирано, но има и други. Одлуката ќе се донесе многу скоро – административните процеси мора да продолжат, а граѓаните да ги добиваат своите услуги. Потребно е што побрзо да се назначи вршител на должност“, изјави Сејдиу.

Во однос на шпекулациите дека може да има поделби во НАИ, Исен Шабани го негира тоа. Тој рече дека постојат шпекулации, но дека во рамки на Алијанса за Албанците не се дискутирало за никакви промени. Од друга страна, Блерим Сејдиу од ВЛЕН изјави дека ќе има проширување на коалицијата, со вклучување и на нови имиња во Владата, не исклучувајќи можност некој од НАИ да биде дел од тоа. Тој нагласи дека се во разговори со неколку политички субјекти.