Шанса за остварување на историскиот сон – Италија суперсила, но Македонија знае да изненади

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Ова е стадионот „Ренцо Барбера“ каде вечера од 20 часот и 45 минути Македонската фудбалска репрезентација ќе се соочи со Италија во полуфиналниот бараж меч за пласман на Светското првенство, Катар 2022. Тука на стадионот се очекува жешка атмосфера. Сите билети се продадени, а стадионот има капацитет од 30 илјади места“, истакна репортерот на ТВ21.

Мечот во Палермо е историски, со оглед на тоа дека Македонија никогаш не била поблиску до пласман на Светско првенство. Иако Италија е тешка за совладување, сепак селекторот Милевски вели дека на терен ќе излезат за да победат.

Фудбалерот Стефан Ристовски вели дека овој меч е сон за секој играч.

Селекторот на италијанската репрезентација, пак, Роберто Манчини, го памети мечот кога Македонија забележала победа над Германија, па затоа, како што вели, треба да се внимава.

„Играме против селекцијата која што славеше над Германија. Сигурно ќе ни треба трпение, бидејќи противникот е квалитетен и добро организиран. Италија знае да игра добар фудбал, и моментално размислуваме само на тоа. Секој натпревар започнува од 0-0 и за деведесет минути може сè да се случи“, посочи Роберто Манчини.

Победникот од овој дуел ќе игра против победникот од натпреварот меѓу Португалија и Турција. Тоа соочување ќе биде одлучувачко за пласман на Светското првенство Катар 2022 што ќе се одржи во ноември годинава.