Необична слика вечерва во центарот на Скопје. Просторот околу Собранието е во целосна или речиси целосна темнина, иако станува збор за една од најфреквентните локации во централното градско подрачје.
Во непосредна близина се наоѓаат Собранието на Република Северна Македонија, Управниот суд, Државниот завод за статистика, Државниот пазарен инспекторат, како и верски објект и други административни згради.
Покрај темнината, од локацијата се слуша и гласна бучава, што дополнително ја зголемува неизвесноста кај граѓаните кои живеат и работат во близина. Засега нема официјална информација што е причината за бучавата, исто така не е познато ниту дали станува збор за прекин на уличното осветлување, дефект или друга причина поради која дел од центарот е во темница.
