Не сите уживаат на плажа покрај вода додека ги зрачат УВ зраците. Има и такви кои го сакаат планинскиот туризам, чистиот свеж воздух во летните денови. Е токму за нив ски -центарот Попова Шапка има новитети за ова лето.
„Оваа година имаме неколку новитети за летниот туризам во ски-центарот Попова Шапка. За оваа сезона ќе имаме зип -лајн од 300 метри со капацитет од 300 лица кој ќе можат да го користат и наскоро ќе почне да се гради. Во функција ќе бидат и бачилата кои за првпат беа пуштени во употреба за време на зимската сезона, истите ќе продолжат да работат. Веќе имаме снабдено и 15 велосипеди за бајкинг во планината“, посочи Адем Авзиу.
Жичарницата овозможува незаборавна глетка на зимската идила на Шапка, но оваа планина треба да ја доживеете и во лето. За таа цел ќе биде пуштен и шестоседот за панорамска прошетка, а ќе биде поврзан со зип лајнот. Во функција ќе биде и двоседната жичарница која води до највисокиот врв на Шапка, Церипашина. Мошне атрактивно за туистите е јавањето коњи, па ќе им биде овозможено и ова задоволство на оние кои уживаат во тоа.
„Веќе имаме најавени туристи од странство за летниот период, имаме резервации за туристи од Чешка, од соседството, од целиот регион од Косово, Албанија, Србија“, додаде Адем Авзиу.
Авзиу вели дека очекуваат голем број туристи кои ќе побараат спас од летните горештини на Шапка каде температурата е за 10 степени пониска од градовите.
