Шасивари: Нека духот на Крушевскиот манифест биде потсетник дека слободата, правдата и соживотот се вредности што се градат заедно

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за правда Јетон Шасивари беше дел од владината делегација која во Крушево положи свежо цвеќе на Споменикот на бранителите на Крушевската Република и на Споменикот на хероите на месноста „Слива“, во чест на големиот државен празник – Илинден.

Со овој чин беше оддадена почит кон илинденците и сите борци кои со својата пожртвуваност и визија ги поставија темелите на државата.

Наследството на хероите од Илинден останува трајна обврска за негување на демократските вредности, владеењето на правото и заедничката одговорност за просперитетна иднина на државата.

Нека ни е честит 2 Август – Денот на Републиката.

Нека живее единството, правдата и заедничката иднина на сите граѓани на Република Македонија!