Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на денешната прес конференција истакна дека вчера се уверивме оти во Парламентот гласаа сите, вклучлително и колегите-пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.
„Се прашувам кој утре или задутре, повторно ќе заговара рушење на Преспанскиот договор и поништување на нашето членство во НАТО. Баш би сакала да го видам јунакот, кој после таков консензус, да ги поништи вчера дадените гласови во парламентот и оној кој ќе се дрзне да го поништи најголемиот успех од независноста до денес“, порача Шекеринска.
