Шекеринска упати благодарност за брзата реакција на Романија која за помалку од 24 часа го испрати воениот авион – „Ова никогаш нема да го заборавиме“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на својот Фејсбук профил објави дека утрово заедно со романската амбасадорка, Моника Аксинте и амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир имале прилика да им честитаат на романските и македонските воени пилоти за клучната улога која ја имаа во битката со пожарите низ цела држава.

„Се заблагодарив за брзата реакција на Романија која за помалку од 24 часа го испрати воениот авион кој го користевме на неколку локации низ Северна Македонија. Ова никогаш нема да го заборавиме! Нашите пилоти добија заслужени честитки од амбасадорите за извонредната координација со европските колеги во гасењето на пожарите“, посочи Шекеринска.